Вечерва во Битола: DJ сет под ѕвездено небо – дел од Битола Отворен Град

Bitola otvoren grad 2025 Битола отворен град 2025

Градот станува фестивал. Пациото станува подиум. Битола Отворен град влегува во ноќен режим.

По култниот зимски сет на Herzel во организација на МКЦ-Битола, пациото на Музејот повторно оживува – оваа вечер со летна енергија, аналоген звук и тројца мајстори зад пултот: DJ GOCE. CHVARE. DOUBLE G.

Тројца диџеи, три стила, еден заеднички импулс: DJ Goce – жив ритам-архив од македонската хип-хоп историја

Битола Отворен

Chvare – креатор на звучни светови надвор од формулите

Битола Отворен

Double G – млад, гласен, храбар – звук што се шири

Битола Отворен

Пациото на Музеј, Битола вечерва (петок 27 јуни) во 21:00 часот станува подиум. Влезот е слободен, а вам ви останува да уживате во уште една летна приказна може да се запише само во нашиот град.

За ова, во ПР Текстот на МКЦ-Битола, додаваат:

„Ова не е викенд-настан. Ова е дел од фестивал што 24 години ја раскажува алтернативната историја на еден град – преку музика, уметност и звук. МКЦ-Битола Ве кани на уште една фестивалска вечер што не познава сцена – затоа што цел град е сцена.БИТОЛА ОТВОРЕН ГРАД 2025: 24 години урбана култура без пауза.

[post_tags]