ВИП концерт на Саша Ковачевиќ во Винарија Стоби

Саша Ковачевиќ

ВИП концерт на Саша Ковачевиќ во Винарија Стоби – 28 јуни 2025

Винаријата Стоби го најави ексклузивниот ВИП концерт на балканската музичка ѕвезда Саша Ковачевиќ, кој ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 22:00 часот.

Во уникатната атмосфера на винаријата, која станува синоним за летни културни настани од висок ранг, посетителите ќе имаат можност да уживаат во жива изведба на еден од најхаризматичните пејачи на балканската сцена. Саша Ковачевиќ е познат по својата емоционална интерпретација и бројните хитови кои ја обединуваат публиката од сите генерации.

Саша Ковачевиќ

Настанот претставува дел од континуираниот концепт на винаријата Стоби за поврзување на музиката, културата и виното, креирајќи незаборавни искуства за љубителите на добриот вкус и квалитетната забава.

Концертот на Ковачевиќ се смета за еден од најочекуваните музички настани во регионот ова лето. Бројот на места е ограничен, а атмосферата ветува вечер исполнета со емоции, одличен ритам и уживање под отворено небо.

Резервации и дополнителни информации се достапни на следните телефонски броеви:

078 221 427 и 077 701 222.

ПР Текст

[post_tags]