На 31 Јули ќе започне најквалитетното издание на Ohrid Calling каде ќе настапат голем број ѕвезди на електронската музика: Jonas Blue, Morten, Steve Aoki, Salvatore Ganacci и многу други.
Фестивалот оваа година има рекордни 5 фестивалски денови, а нешто околу организацијата и очекувањата Милошеска од Аволон продукција, се пофали:
Подготовките се во тек и можам слободно да кажам дека годинава не очекува најдоброто издание на фестивалот Ohrid Calling.
Оваа година очекуваме рекорден број на посетители, како од нашата држава и нашето соседство, така и од странство. Публиката која веќе има набавено карти за фестивалот преку нашта веб страна, ни доаѓа од Австралија, Франција, Белгија, Холандија, Англија, Америка и од многу други земју. Така да оваа година, очекуваме рекордна посетеност на фестивалот! – Изјави Миа Милошеска, Аволон продукција.
Инаку, фестивалот започнува Понеделник на 31ви Јули и ќе трае до 4ти Август со тоа што на последната вечер, ќе настапи Amelie Lens, како бонус артист оваа година Ohrid Calling.