Можеше да спие на пари, ама Мбапе одби да биде најплатениот во историјата!

Мбапе

Ете и тоа постоело… Многумина го следат спортот, но некој веројатно гледа на него од онаа љубопитна страна: „Kолку пари земаат играчите? Колку се цени нивниот труд? Спијат ли на пари?“ Во случајов, колку пари зема Мбапе?

Ако сте и вие дел од оваа „публика“, сигурно би ве интересеирало нешто околу финансиите на Килијан Мбапе.

Имено станува збор за веста која ги „погоди“ многумина. Обожавателите на Килијан Мбапе жалат за неговата одлука и веќе изразуваат „сочуство“! Затоа што ова е веќе како да свесно бегаш од рајот. Како и да е, станува збор за фараонска понуда за фудбалерот од страна на Ал Хилал која замислете, фудбалеров ја одбил. Со неа, ќе станеше најскапиот фудбалер во историјата, но ете ти…скромноста постоела. Имено, Ал Хилал на ПСЖ им понудил нереални 300.000.000 евра за играч на кој договорот му истекува следното лето.

Мбапе

Притоа, клубот од Саудиска Арабија му настапил на Мбапе со неверојатна понуда од 700 милиони евра годишна плата. Вака пресметано, не дека трачариме и му правиме есап, ама, французинот би заработувал 22 евра по секунда, 1,331 евра по минута, 80 илјади евра по час, 1,9 милиони евра дневно и 58 милиони месечно.

Овие од ПСЖ фала Богу ја прифатиле понудата, ама Мбапе кажал НЕ! Образложение: Не сака да живее во Саудиска Арабија! И точка! Што не е тука јасно!