Негативец во приказната на Барби! Зошто „барбиманија“ и Шо ви се дешава во главчињата?

бабриманија

Прашање до госпојците, инфлуенсерките, блогерките, тиктокерките или како и да се викате: „Зошто барбиманија и Шо ви се дешава во главчињата?“

Утро и се скапавме думање за текст…Се барАт информации за некоја јакичка колумна. Некој бомбастичен текст шо ќе напрај експлозија и така наеднаш „razbudise.mk“ ќе биди нешто од кое и google ќе напрај: „ХИИИИ! Т т т т! Шо се дешава?! Браво за авторите!“

И така, дури си тонам во фантазиите, ме пукат мантри: „Верувај во она што го сакаш! Ти можеш!“ И пак вервај, не вервај…. Си се понавља секое утро исто па исто! Па и колку да си паднат, сакаш нејќиш мораш даље! Попара умO: Читај мотивациски говори, пиши, истражвај, читај…И пак читај, учи, пиши ко шО треба, пиши извори, прај ова, прај она… Сега ќе биди, после ќе биди! И…оп! Нешто сумљиво на нетот. АКТУЕЛЕН терминот БАРБИМАНИЈА!???

кен и барби

Откако се појави филмот  нешто чудно кликна по луѓево! Изгледа дека светов полудел! Зошто и како? Ова хејтерски и по тро завидливо…Тешки љубомори во прашање, си признавам! Значи на госпојците не им треба ни книга, ни читање, ни речник, ни правопис…Само еден минич розев, плава долга коса или перика, и фотка шо ќе му напрај во секунда 3000 следбеници, без една буква да напиши на постот. Хехе …а ти мачи се!

Ама шо се дешава со психолошкиот контекст и дали сето ова уствари излезе од контекст?

Ех на времето… Снимавме, имавме теми и баравме теми. Се будалеевме со театарот! Идејата кошташе и таа мораше да биди поддржана, сериозна, да има вовед и сите работи…А на крај и заклучок. Замислете! Тоа беа долги состаноци назад во театарот и филмот. Надежни кариери… Имаше проби, се бараа костими, се местеше камера, звук, светло…па влеглал микрофонО во кадарО, па не влегвал. Се каравме, се миревме… Али творевме! Измислувавме! Креиравме! И бевме иникатни! Уште сме и уште можиме, ама шо прајме со барбикиве? Сега треба само витко тело и фотка? (А ние сите дебелки… Еххх…)

Шо сака да кажи писателот?

Дали ако се сликате како Барби би значело оти сеуште го „негувате“ детето во вас? Кои се очекувањата од страна на публиката? Каква порака сакате да пренесете? Будите восхит кај децата или развивате сексуални фантазии кај возрасните? Кои се приоритетите ваши и наши? Шо треба да си замислиме пример ко ќе ве видиме на S во поза шо вели: „Не да се фалам, ама Барби пљукната сум“

бабри инфлуенсер

Како и да е, борбата е за „like“! Јасно. Борбата е за гледаност, читаност… Истражувањата велат дека и Њујор тајмс напрајл „Хиииии!!!“ во негативна смисла, од ко видел дека првите 4 секунди не се задржале на текстот! Али и „некогаш“ најпопуларниот весник на светО, да не ти знаел оти пуста Барби, „фаќа“ публика!

А јас уште думам колумна и текст…И истражвам. И никако да ја запратиме инфлуенсерската такозвана „Барбиманија“!

Ама шо ќе прајш…Змиското тело захтева диети. (а ние гурмни) И не е така лесно да си Барби. Сепак, како заклучок по навика, главната хероина во една приказна мора да има некој противник…Епа ваљда некој е роден да биде негативецот во Барби приказната…

ДОБРО УТРО БАРБИКИ! И САМО ДА ВЕ ПОТСЕТАМ! СВЕТОТ НЕ Е РОЗОВ! РОЗОВ Е САМО ФУСТАНОТ!

барби

П.С. Битолски муабети е рубрика со авторски текстови, пишувана на битолски дијалект. Сите каратери се измислени. Мислењата, заклучоците и ставовите во колумната се авторски и не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на razbudise.mk