Злобата на луѓето: како да ја победиме?

zlobata-na-lugeto-kako-da-ja-pobedime

Злобата на луѓето: како да ја победиме? Нејзините маски се толку убаво нашминкани! Некои луѓе ќе те погалат по рамото само за подобро да измерaт каде да те прободат. Ќе ти се насмевнат со мед на усните, а со отров во срцето. Ќе те прашаат зошто крвави твојата душа – како да не знаат.

Злобата на луѓето не секогаш боли гласнo

Но злобата не секогаш доаѓа со остри зборови. Понекогаш е само поглед. Или молк што боли. Понекогаш седи сама на маса сама и срка од својата сопствена горчина.

„Кога некој ти направи лошо, не му се враќај. Замисли што ќе му се случи — самиот со себе ќе живее.“
– Маркус Аурелиус

Злобата се храни со реакција. Со нашата повреденост, со гневот. Но ако ѝ ги ускратиме – гладна ќе остане. А тоа е нејзиниот пораз.

„Око за око – и целиот свет ќе ослепи.“
– Махатма Ганди

Победата не е во одмаздата. Победата е во тоа да останеш светлина во темница. Да љубиш кога е најтешко. Да не одговориш со иста мерка. Да одговориш со мерка што се вика достоинство.

zlobata-na-lugeto-kako-da-ja-pobedime

Како да ја победиме?

Не со одмазда. Не со гнев. Туку со она што злобата најмногу го мрази – љубезност. Тишина што не осудува. Љубов што не се повлекува. Светлина што не се гаси.

Злобата нема одговор на човек кој не престанува да верува. Таа се повлекува пред оној што простува не затоа што е слаб. Затоа што одбрал да не живее во отров.

Тие, злите, ќе се изедат сами. Ќе живеат со својата темнина.

А ти? Продолжи. Диши. Сакај. Створи.Не им дозволувај на туѓите обиди да ја пригушат твојата искра.

Свети силно, дури и кога некој се обидува да те изгаси. Твојата светлина не е случајна – таа е борба, надеж и победа. Чувај ја, со секој здив, со секоја насмевка, со секој чекор напред.

„Прости, не затоа што тие заслужуваат. Затоа што твојата душа заслужува мир.“
– Буда

Биди оној кој шири мир, дури и кога те рануваат.

„Кога те навредуваат, насмевни се. Тоа е нож за нивното его.“
– Непознат автор

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]