АМАНЕТ одржа концерт на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ -Музичко патување низ традицијата

АНСАМБЛ АМАНЕТ на ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

Необично патување и волшебни мелоди на АМАНЕТ

На ИЛИНДЕНСИ ДЕНОВИ имавме можност да бидеме дел од концертот на АМАНЕТ кој би го дефинирале како волшебно патување низ традицијата прикажана преку звуците на кавал,  ритмичките отчукувања на тапанот и сите автентични инструменти што гласно раскажaa една приказна: МАКЕДОНИЈА.

ансамбл Илинденски денови АМАНЕТ
АМАНЕТ АНСАМБЛ
АМАНЕТ НА ИЛИНДЕНСКИ

На платото пред Офицерски дом се случи вистинска сензација од емоции од концертот. Имено АМАНЕТ  е вокален инструментален ансамбл кој вдахнува нов живот на старите традиции на македонската музика. Низ псоебна автентичност, се чувствува нивното длабоко вкоренета страст за зачувување и промовирање на македонското културно наследство. Така, изведбите на ансамблот беа ништо помалку од магични. Цртеж од разновидните музички таписерии на целиот регион. Мелодично патување и фантастична ноќ што се проткајуваше низ волшебните предели и богатата историја на нашата татковина.

…А битолчани…Навистина уживаа во концертното искуството кое продолжува да ја пренесува традицијата и да зборува за грандиозното културно наследство на земјата со голема историја.

ПУБЛИКАТА на Илинденски
анасамблот АМАНЕТ
вокали

Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски