Секогаш е време за подароци!
Еве неколку креативни идеи
…И навистина. Не постои посебен период, време, повод. Не е задолжително да ги чекаме празниците за да подаруваме. Подарувањето започнува од мигот кога ќе помислите дека треба да израдувате некого. Подарувањето значи почит, значи доблест и добрина која ја поседувате и на која треба да се гордеете. И во истиот миг кога ќе се гордеете, значи дека и вие се наградувате.
Подарувањето започнува уште со подготовката и креирањето на идејата. И секако, не ви треба длабок џеб и „дебел“ банкарски извор.
Секогаш се ситниците. Животот е оној кој го прават ситниците. Разбудете се во таков свет и почнете да креирате. А ако сте во потрага по идеја, прочитајте подолу неколку инспиративни „решенија“ кои веруваме дека можеби не сте ги сретнале. Секако, би напоменале дека не смеете да очекувате никаков фидбек.
Во рамка ставете ги вашите омилени фотографии и означете го датумот под нив
За оние вљубените или оние кои навистина го ценат искреното пријателство и сакаат без никаков повод да се заблагодарат за добрината и несебичноста кон оние кои ги сакаат, наш предлог е во рамка да ги ставите вашите омилени заеднички фотографии и да го означете датумот под нив.
Ова е спомен кој би се согласиле дека заслужува посебно место!
…Или бидете доволно инвентивни и во обична тегла, на листови хартија напишете пораки. Напоменете дека мораат да се отворат во моменти кога ќе бидат нерасположени или тажни.
Испечатете натпис или интерна порака над етикетата на омилената маичка на саканата личност.
Може да одберете и некој цитат кој ќе објанси колку вие сте вљубени во онаа личност на која и подарувате.
Подаруваме без повод , подаруваме без да очекуваме нешто за возрат. Затоа што подаруваме од душа.
Наместо скапи чаршафи, декорирајте со фотографии. Направете декорација на трпезата која ќе ги раскаже вашите омилени спомени, возбудливи и комични моменти. Можеби ова не е подарок, но е изненадување кое може да го создаде истиот ефект.
Сепак, пред да се „фатите“ за работа, би завршиле со цитат кој можеби и… не баш се согласува со текстот, но…„Најубавиот подарок што можеме да го подариме е нашето присуство. Кога свесноста ќе ги прегрне нашите љубени, тие ќе процветаат како цветови.“ – Тич Њат Хан