Хуманитарен литературен конкурс во чест на загинатите, повредените и хероите од трагедијата во Кочани

Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ Крушево објавува хуманитарен литературен конкурс “Ѕвездите светат бесконечно” во чест на загинатите, повредените и хероите од трагедијата во Кочани.

Проектот “Ѕвездите светат бесконечно” е литературен конкурс од хуманитарен карактер. Целта на проектот е да се објави збирка книга од проза и поезија, посветени на прерано загинатите животи во трагедијата во Кочани, поврдените и на големите херои кои го жртвуваа својот живот за да спасат сè повеќе другари, роднини, сограѓани, кои со ова дело засекогаш ќе бидат запаметени во нашата колективна свест.

трагедијата во Кочани

Средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани на сметката на Црвен крст Кочани. Правила за учество во хуманитарниот литературен конкурс:

На конкурсот може да учествуваат лица над 16 години;

Конкурсот е за проза и поезија. Односно: проза (есеј или расказ) и поезија (песна);

Есејот или расказот треба да имаат најмногу 1000 зборови, а песната најмногу 20 стиха;

Творбите да бидат напишани на WORD документ со македонска поддршка, фонт 12;

Освен творбата потребно е да се наведат следните информации: име и презиме, населено место и телефон;

Секој автор има право само на една сопствена творба;

Авторските творби се праќаат на емаил: kulturenmanifestkr@gmail.com, со ознака: За хуманитарен литературен конкурс ,,Ѕвездите светат бесконечно”;

Секој учесник треба да плати котизација од 300 денари за учество, средства кои ќе бидат наменети за кофинансирање за издавање на збирката;

Творбите треба да се однесуваат на темите: надеж, хуманост, соживот, непребол, спомен за нашите најголеми херои, оние кои за жал ја изгубија најголемата животна битка, кои сè уште се бораат и тие кои спасуваа. Авторите се должни да ги испратат своите творби во периодот 01.05.2025 – 31.05.2025 година.

По печатењето на творбите секој вклучен автор ќе добие по еден примерок од книгата, на настан посветен на жртвите и хероите на трагедијата од Кочани.

Подетални информации за хуманитарниот литературен конкурс “Ѕвездите светат бесконечно” може да добиете на:
Фејсбук страната тука.

Емаил: kulturenmanifestkr@gmail.com

Телефонски број: 076449665 – Марија, 071204249 – Јасмина, 078741142 – Никола, 076265605 – Валентин.

Нека хуманоста биде нашиот најголем трофеј.

[post_tags]