Гости во најновата епизода на токшоуто „Брчиме со Дуле“ се членовите на музичкиот бенд ZDRAVE MUSIC – трио што ги спојува младоста, енергијата и автентичната љубов кон народната музика.
Гостите во оваа епизода на ,,Брчиме со Дуле” раскажаа како кликна оваа музичка приказна која ветува богата кариера. Пред да се спојат преку музиката, Бојан и Благојче се сретнале сосема случајно. Моабетот им тргнал околу музиката – лесно, без обврски, додека биле во локална пицерија. Но, кога стигнал моментот да се плати сметката, Благојче сфатил дека новчаникот му бил празен. Бојан само се насмеал и ја покрил сметката. Од тој момент, почнало нешто што ќе стане повеќе од пријателство – почеток на една музичка приказна наречена ZDRAVE MUSIC.
Имено, ZDRAVE MUSIC е младо музичко трио, Бојан, Благојче и Дарко.
Браќата Бојан и Дарко Здравески од Охрид и Благојче од Ресен – финалист на музички натпревар и официјално – душа од човек. А како се запознале? Да ја повториме легендарната приказна накратко, ако случајно сте го пропуштиле првиот дел – вечерта на полуфиналето во Охрид, пица, сметка загинати пари, срам…и оттогаш – феноменална музичка соработка!
Во ова трио, Благојче е пејачот, гласот. Бојан – хармоника и синтисајзер мајстор, а Дарко е „дувачот“ со душа. Дарко и пее, а во „Брчиме со Дуле“, Кумбата му вели:„Вечна терца си ти!“
Тие не само што свират и пеат народна музика – туку и ја живеат. Почнале со македонското, па српски, англиски, за свадби, прослави, кафичи… Што ќе посакаш – ќе ти испеат!
Благојче првиот микрофон го добил на 6 години. А денес, 5 години активно е во музичкиот свет, со купишта награди, од кои најновата на „Гоце Фест“. Неговата прва песна била „Заљубен и збунет“ од Благојче Стојановски Туше. Од „Преспански ѕвончиња“, па дует со синот на Туше – Дарио, до сцени каде што старо и младо скока и игра!
А кога сме кај балансот на училиштето со музиката, велат дека 80% од професорите ги поддржуваат. Бојан пак за ова, фино си кажа дека се отпишал од факултет. Завршил тримесечен курс за музичка продукција и сега почнува со аранжмани и музика! И секако… Тој не сака да биде професор – сака да биде профи – музичар.
Имено и на Tik tok, овие дечки растураат. Коментари, нарачки, гифтови, лајкови.
Pomelo tv ги поддржува младите таленти и гласно зборува за нив. А во ,,Брчиме со Дуле, Кумбата за овие дечки, ќе нагласи: „На овие деца само да им дадеш сцена – и ќе ти направат шоу!“
Погледнете ја епизодата погоре во текстот уживајте со ZDRAVE MUSIC, насмевнете се со анегдотите и запомнете:
„Најсилните врски и најубавите приказни се случуваат кога најмалку очекуваш! “
пишува: Ромина Марковска