Ако џвакате гума за џвакање, ќе имате подобра меморија! 7 Шокантни здравствени факти!

здравствени факти

Редовните студии објавувани за здравје и фитнес ширум светот, изнесуваат шокантни здравствени факти. Во продолжение на текстот, прочитајте што велат тие. Сигурни сме дека за овие 7 факти до сега, не сте слушнале.

Ако џвакате гуми, ќе имате поголема концентрација, вели еден од тие здравствени факти

Истражувачите од Универзитетот Koventri откриле дека гумата за џвакање со вкус на нане, драматично го намалува чувството на замор. Друга студија покажа дека резултатите од тестовите за меморија се подобрени за 35% благодарение на гумата за џвакање која го ублажува стресот и го намалува нивото на анксиозност.

Ако џвакате гума, ќе имате подобра меморија!Шокантни здравствени факти!

Ако сте кофеински зависник, не грижете се!

Еден од тие здравствени факти вели дека ако сте кофеински зависник, ќе го намалите ризикот од постоење на „депресија“

Ако сте кофеински зависник, не грижете се!  Ќе го намалите ризикот од постоење на „депресија“ и не дај боже на „суицид“. Истражувањето на Факултетот за јавно здравје „Харвард“, покажа дека четири филџани кафе дневно, можат да ни бидат од корист во таа смисла.

Долгото седење  го зголемува ризикот од смрт за дури 50%!

Канцелариски работници, внимавајте! Истражувањето на Универзитетот во Сиднеј предупредува дека канцелариските работници кои седат на своето работно биро повеќе од 10 часа, се хазардери. Затоа, направете пауза, одете по скали, сменете ја положбата . Рздвижете се низ ходниците на работното место со по неколку зачестени, минутни паузи. На претпоставените, предочете им го овој аргумент.

Банкоматите и јавните тоалети се подеднакво валкани!     

Банкоматите и јавните тоалети се подеднакво валкани!

Точно е. Специјалистите во Британија  ги истражувале брисевите земени од тастатурите на каси – машините и од јавните тоалети и се покажало дека двата примероци ги имаат истите резулатати. Потполно исти бактерии. Последиците се повеќе од јасни-развивање на болести. Препораката е секако, редовно миење раце „и пред и потоа.“   

Мирисајте јаболко за да спречите клаустрофобија!

Мирисајте јаболко за да спречите клаустрофобија, здравствени факти кои не сте ги чуле

„Едно јаболко дневно и подалеку од лекарот.“

Фондацијата за третман и истражување за мирис и вкус, подвлекува дека мирисот на зеленото јаболко, еднаш дневно, може да спречи главоболка и мигрена и уште нешто – го ублажува стресот поврзан со затворени простории.

За да се разладите, пијте нешто топло!

За да се разладите, пијте нешто топло - Контрадикторен факт спрема нашето досегашно верување

Студијата за човечка кинетика од Универзитетот во Отава, го докажа тоа. Можеби звучи контрапродуктивно, но ако сакате да се оладите, напијте се нешто топло.

Ние, овде на Балканот би рекле: „кинеска работа“, ама така е. Има логика.

Ако сте оптимист, ќе живеете подолго!

Ако сте оптимист, ќе живеете подолго!

Студија објавена во European Heart Journal нагласува дека луѓето кои се оптимисти имаат помали шанси да страдаат од срцеви заболувања.  И токму затоа, бидете непоправлив оптимист.  

Извор