Дизајн на плакари инспириран од скандинавскиот ентериер

плакари

Скандинавскиот стил, минимализам и елеганција се комбинираат во дизајнот на плакари во следниот естетски пристап:

Едноставен и функционален облик: плакарите се карактеризираат со чистии и едноставни линии без многу детали. Минималистичкиот пристап става акцент на функционалност и практичност што значи дека плакарите имаат доволно место за одлагање на облеката и други предмети.

Природни материјали: дрвото и светлите дрвени тонови како даб и јасен додаваат топлина и природен изглед на просторијата, на вашиот плакар.

Светли бои: палетата на бои во скандинавскиот стил е често во неутрални и светли тонови. Белата и разни нијанси на сива се особено популарни бидејќи допринесуваат кон чистотата и пространоста на просторијата. Секогаш се охрабрува користењето на природна светлина.

Дискретни декорации: декорацијата е минимална и дискретна во облик на неколку едноставни елементи.

Мултифункционални плакари: ова е особено практично каде просторот е ограничен. Плакарите со вградени полици и простор за седење се одличен пример како комбинација на естетика и функионалност.

Чисти линии: плакарите имаат мазни површини , елегантни дршки и push-to-open механизам.

дизајн на плакари во скандинавски стил

Минималистички детали; ако има декоративни елементи на плакарот изобилуваат со елеганција. Стаклени и метални детали додаваат дискретен акцент.

Во крајна линија овј плакар е функционален и естетски привлечен со фокус на природност и пространост. Тоа е она што ни треба.