Електронски пари! Дигитално време, дигитални пари – „ШО ВРЕМЕ ИДИ, ТО СЕ ЈАДИ“. Македонија, полека но сигурно, влегува во ерата на безготовинско плаќање. Со развојот на финтек технологиите, неколку компании веќе работат на имплементација на електронски паричници и дигитални валути, овозможувајќи побрзи, побезбедни и поедноставни трансакции.
Но, Електронските пари се само еден дел од дигиталната револуција, Во Европа веќе се подготвува нов концепт – Европскиот паричник за дигитален идентитет кој ветува крај на лозинките и физичките документи. Замислете свет каде што можете да се најавувате на веб – страниците без лозинки, да потпишувате документи дигитално со правна важност и да носите дигитална лична карта во мобилниот телефон.
Што значи ова за Македонија?
Македонија не заостанува зад трендовите. Освен што електронските паричници веќе се дел од од нашето секојдневие, земјата активно работи на дигитален идентитет. Македонија не заостанува зад трендовите. Освен што електронските паричници веќе се дел од нашето секојдневие, земјата активно работи на дигитален идентитет. Преку МКПЕЈ, наскоро ќе биде достапен електронски паричник кој ќе овозможи онлајн плаќања и трансфер на електронски пари 24/7, без временски ограничувања.
Како ќе ни помогне оваа промена?
✅ Побрзи и побезбедни финансиски трансакции – без потреба од готовина или картички.
✅Поедноставен пристап до институции и услуги – нема повеќе чекање во редови.
✅ Крај на лозинките – дигитален идентитет овозможува безбедно најавување на веб – страници.
✅Дигитален потпис со правна важност – лесно потпишување документи од каде било.
Со вакви решенија, електронските и дигиталниот идентитет стануваат реалност и кај нас. Европа оди кон иднинабез физички документи, а Македонија веќе ги прави првите чекори кон целосно дигитализирано општество.
Дали сте подготвени за овие промени? Споделете го Вашето мислење!
пишува: Ромина Марковска