Бојкот! „Никој не купува.“ Оваа фраза сè почесто се слуша во маркетите, на пазарите. Тишина на потрошувачите. Но, дали празните кошници навистина можат да ја променат ценовната политика? Бојкот! – Дали Ќе Попуштат Цените или Трпението?
Успешните примери од Хрватска – Во Хрватска, неодамнешниот масовен бојкот доведе до конкретен резултат – трговскиот ланец „Конзум“ најави трајно намалување на цените за 259 производи, некои дури и за 30% .Дали ова може да се повтори и кај нас?
Економска логика – Понуда, Побарувачка и Нерви
Цените не паѓаат поради волјата на трговците – тие се менуваат кога паѓа побарувачката. Ако потрошувачите престанат да купуваат, трговците ќе мора да реагираат. Но, прашањето е: Кој прв ќе попушти? Трговците или граѓаните, кои сепак имаат основни потреби?
Може ли бојкотот да фунционира?
Колективна акција ила силен ефект – колку повеќе луѓе учествуваат, толку поголем е притисокот. Историјата покажува дека вакви бојкоти успеале да го променат трендот на цените. Примерот со бојкотот на производи од Јужна Африка во 1980 – те години, како одговор на апартхеидот, довел до значителен економски и политички ефект, намалување на извозот и поголема меѓународна изолација, што ја принудило земјата да започне преговори за демократски промени. – извор
Алтернативи: Домаќинствата кои штедат, купуваат поефтино или бараат домашни производи – создаваат вистинска промена. Се зголемува побарувачката за локалните производи што може понекогаш да биде поддршка за домашните економии.
Тишината зборува – но кој ја слуша?
Останува да видиме дали оваа стратегија ќе има ефект или ќе се покаже како уште еден краткотраен револт што нема ништо да промени. Прекумерен и несоодветен потрошувачки притисок може да ја разнишува економијата, но празната кошница е порака сама по себе, а останува да видиме кој ќе ја разбере.