Жешко, високи температури и една единствена желба што може да помогне: Разладувачки десерт и тоа чоколаден сладолед!
Во продолжение погледнете ја оваа чоколадна „приказна“ што со помош на само две состојки може да стане реалност!
Без машина за сладолед и многу едноставно! Сѐ што ви треба за овој рецепт е шлаг и тегла чоколаден крем намаз, или да речеме нутела…
@erinsgranola Two-ingredient homemade ice cream without an ice cream maker! #icecream #monthoficecream ♬ Canyon Moon – Harry Styles
Подгответе 400 милилитри шлаг и 400 грама намаз. Истурете го чоколадниот „намаз“ во сад и потоа истурете го шлагот. Мешајте со миксер додека не добиете изедначена смеса.
После тоа, овој чоколаден сладолед треба да се стави во сад и да се покрие. Потоа следи замрзнувачот во кој ова слатко задоволство отседнува околу четири часа или повеќе. Можете да го послужите со некои додатоци како шлаг, чоколадни чипови, преливи и…Понатаму само креирајте уште една гурманска фантастична приказна и хедонистичко патување од само два чекори.