На фејсбук се формира група именувана како „БОЈКОТ!!!СТОП ЗА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА!!!“. Членството во оваа група постојано расте. A администраторот најавува дека ќе се подготват и активности кога истата верува дека ќе стане уште помасовна. „Стоп за високите цени на храната по маркетите, стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот. Да се здружиме сите заедно бидејќи нема кој да не заштити“.
Здравко Савески, научниот соработник на Институтот за општествени и хуманистички науки, тврди дека акцијата би била успешна доколку имa масовност. A секако тоа зависи од граѓаните. Имено, на социјалните мрежи се споделува и друг повик поврзан со истата цел. Повикот е за бојкот кој е закажан на 31 јануари под слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“. Претпоставката е дека ќе се зголеми бројот на граѓани кои ќе ги поддржат овие иницијативи. Но, сепак останува неизвесно дали граѓаните ќе настапат организирано. Македонските граѓани секојдневно се жалат поради високите цени како потрошувачи, но дали ќе го следат примерот за масовната организираност во Хрватска, останува да видиме.
„Освен масовниот бојкот за следниов петок, граѓаните се повикуваат од 31 јануари па до 5 февруари да не влегуваат во маркетите на „Лидл“, „Еуро Спин“ и „Дм“. Воедно, и да не купуваат три вида производи – „кока-кола“ и други газирани пијалаци, флаширана вода и детергенти.“ – пренесува pari.mk. За бојкот се подготвуваат и Босна и Херцеговина, и повикуваат граѓаните тој ден да не купуваат ништо во маркетите, бензинските, а и во рестораните. Експертите од Босна и Херцеговина пак, тврдат дека со еднодневен бојкот не и се постигнало ништо, но доколку тоа премине во долгорочна пракса, резултатите ќе бидат евидентни.