Битолски ШОУБИЗ: Мими со југото провали на среде емисија!

мими југо

Мими со југото провали на среде емисија!

„Дедо ми ми остај Фичо во наследство, презачувано, со 20.000 поминати километри и јас на мои 15 години се одлучив да го продам во Кукуречани за по ниви да го дрнкат и со парите да си купам компјутер Пентиум 4ка, за то време многу јак. Ко ќе ми текни ми иди да се самоуништам хаха ама ете нема назад. А Југо возам, оти најмногу сакам Југо. То ми е првата кола во која седнав да возам, низ чикмак кај мене и уште од првиот момент се заљубив во колата. И знаев дека кога ќе положам за кола дека она шо ќе го возам ќе биди Југо. И ете 13 години откако положив возам Југо и планирам да возам се дур можи, а ко ќе не можи паркирано в двор ќе ми седи.“

Муабето меѓу нас, ама така ни се довери Мими во нашето неодамнешно интервју. Ни отрки дел од приказната шо денес премина во познато шоу, па Мими секој ден има се повеќе следбеници.

…Така, си испивме кафе, си попрајвме чамче муабет за времето, животО, чешитите шо ни се десиле после толку време „видуваЈне“. Па после падна одлуката да си соработваме. И ете така видеата на Мими со југото, од денес можите да ги гледате и на нашата страна.

Вероника Жежовска во југото на Мими

Колку за интро, ќе ве воведиме со гостинката на оваа епизода, али нема да гњавиме многу па ќе ве остајме да уживате во разговорот подолу. Опуштено, рилекс, без стрес…Сварете си кафе, разбудете се и уживајте во новото видео на Мими со југото.

Мими овој пат разговараше со Вероника Жежовска. Имено Вероничето (ова вака на галено оти си се знајме) зад себе има новинарско искуство, како водител во телевизиски емисии како „Пријатели“, интрервјуа (за кои зборува во контекстот)… Битолски речено, се имаше и „пробано“ како актер. Беше дел од екипата на театарот „Солза и смеа“, како и дел од видеата и претставите на екипата на „Празни муабети“.

МуабетО натаму си е прејак со рилекс прашања и одговори. Се збора за бајачи, за новиве „Тик -Ток“ генерации. Се споделват искуства од младоста и стандард, Мими латентно си знај како да извлечи некоја тајна од гостинот и да го натера да си ја сподели пред камера. „Јас бев подвижна торта“ – вели гостинката, а за што станува збор погледнете во продолжение.

…И да, Мими пред камера изврши провала!