Генијални цитати од генијалниот ум на Никола Тесла

Човекот кој го измисли 20 век е роден на денешен ден -10 јули 1856 година во Смилјан-Хрватска.

Дизајнот на модерниот систем за снабдување со наизменична струја е делото  на генијалниот ум-Никола Тесла  чии благодети ги уживаме денес.

Еве неколку генијални цитати од генијалниот ум на Никола Тесла:

„Денот кога науката ќе почне да ги истражува нефизичките феномени ќе постигне поголем напредок за една деценија, отколку сите претходни векови.“

„Во 21 век роботот ќе го заземе местото на робовите во древните цивилизации.“

„Мислам дека не постои восхит како оној почувствуван од иноваторот кога гледа како неговиот изум станува успешен. Таквите чувства прават човек да заборави на храна, спиење, пријатели, љубов, се.“

„Парите не се толку вредни како што мисли човекот. Моите пари ги инвестирав во експерименти со кои направив нови откритија со кои му помагам на човештвото да има полесен живот.“

„Не се грижам зошто ми ја украдоа идејата, се грижам што немаат свои идеи.“

„Нашите доблести, нашите неуспеси се неразделиви, како силата и материјата. Кога ќе се раздвојат, човекот веќе не постои.“

„Денешните научници мислат длабоко, а не јасно. За да се мисли јасно треба да се има разум, но  да се мисли длабоко, треба да се биде многу луд.“

„Иако размислуваме и дејствуваме слободно, ние сме споени заедно, како ѕвездите на небото кои се неразделни. Овие врски не можат да се видат, но ние ги чувствуваме.“

„Желбата која ме води во се што работам е желбата да ја искористам силата на природата за да му служи на човештвото.“

„Борбите меѓу индивидуалците, како и владите и нациите несомнено се предизвикани од недоразбирања. Недоразбирањата секогаш се предизвикани од неспособноста да се цени туѓото мислење.“

„Инстиктот е нешто што го менува знаењето. Без сомнеж имаме нешто што овозможува да ги спознаваме вистините со логично размислување или секој друг напор на мозокот е бескорисен.“

„Бидете сами, тоа е тајната на иновацијата, бидете сами, тогаш  се раѓаат идеите.“

„Живот е и ќе остане равенка невозможна за решавање, но содржи неколку познати фактори.“

„За еден човек тоа е бог, за друг се физичките закони.“

„Од сите неразбирливи отпори, оној  што  најмногу го збудалува човековото движење е незнаењето. Буда го нарекол -најголемото зло на светот.“