Во срцето на Њујорк засвети Божиќната елка. Започна магијата на празниците со традиционалното осветлување на ова зимзелено дрво во Центарот Роквелер. Настанот кој го обединувана духот на сезоната, привлече публика воодушевена од симболиката и блесокот на празничното време.
Во срцето на Њујорк, гламурозното осветлување на елка та го претвори Центарот Рокфелер во раскошен празничен амбиент. Семејства, пријатели и туристи од целиот свет уживаа во магијата на сезоната.
Епицентар на убавината и традицијата
Елката, висока 23 метри, е величествена смрека што потекнува од Западен Стокбриџ Масачусетс. Со своите 50 000 разнобојни светилки и исклучителна ѕвезда Сваровски, украсена со три милиони кристали, ова дрво стана вистински празничен спектакл.
Главниот градинар на Центарот го избра ова дрво уште во 2020 година, а минатиот месец беше исечено и транспортирано до Роквелер Плаза – во срцето на Њујорк.
Симболика што ги надминува дури и празниците
Елката ќе биде осветлена 24 часа на Божиќ, а ќе остане поставена до средината на јануари и ќе служи како центар на празничните свечености. Но, нејзината приказна не завршува тука – по празничната сезона, дрвото ќе се преобрати во граѓа и ќе се донира на организацијата „Хабитат за човештвото“.
Оваа прекрасна иницијатива осветлува дека, покрај убавината и гламурот, елката има трајно наследство. Во срцето на Њујорк има разбудени срца кои инспирираат: придонесува за изградбата на домови, радува многу семејства и надвор од празничните денови. И уште, одново потсетува дека магијата на празниците лежи во споделувањето и хуманоста. Погледнете го видеото и почувствувајте ја тамошната атмосфера.