Во Центарот за култура Битола ќе се организираат Денови на македонски балет
Поврзувајќи ги креативнитe патишта на артистот со глобалниот уметнички контекст и желбите на битолската публика, Центар за Култура Битола најавува уште една сензација. „Денови на македонски балет“. Како брендирана публика што знае да ја препознае уметноста во секој чекор, време е за задоволување на уште еден апетит. Овие денови ќе имате можност да уживате во две врвни изведби кои го спојуваат светскиот квалитет со македонската сцена.
Затоа што Битола не е само град, туку пулсирачка линија што ги поврзува уметноста и културата. Од секогаш е симбол на инспирација, безвременска убавина и слобода. Станува збор за „Дамата со камелии“ – Величествена приказна за љубов и трагедија, инспирирана од романот на Александар Дима, со музика на Џузепе Верди. Во главните улоги на оваа престава ќе бидат Арманд: Франциско Химензер Руиз (Шпанија) и Маргарита: Марија Кичевска Шокаровска.
Другата претстава е „Кармина Бурана“ – енергично и моќно музичко дело на Карл Орф, оживеано преку кореографијата на Кан Арслан и настапите на балетските солисти и ансамблот на Националната опера и балет.
„Дамата со камелии“ ќе биде одржана на 06.12.2024 во 20:00часот. Додека во претставата „Кармина Бурана“ ќе уживате на 07.12.2024 – 20:00часот. Цената на билетите е 200 денари.