АБРА-КАДАБРА и Дедо Мраз на лежалка – Топлината го менува Северниот пол! Ако некогаш сте верувале дека зимата во Лапонија е магична, оваа година ќе се уверите дека нешто многу необично се случува. Во земјата на Дедо Мраз, каде што снегот обично е цар, неочекуваната топлина ја менува зимската бајка. Замислете ја оваа сцена: АБРА-КАДАБРА и наместо студениот воздух, температурата од 11, 2 степени Целзиусови ја полни атмосферата во финскиот град Килписјарви.
„Метереологот од Финскиот метеоролошки институт Венди Пелконен вели дека вакво нешто се случува на секои 30 години.“. Пренесува The Barents Observer. Кога ваквите појави се толку ретки, тоа значи дека слични температурни отчитувања се очекуваат само еднаш на секои три децении.
Лапонија, домот на магијата и вечниот снег, оваа година доживува неверојатни промени. Иако се очекуваше класичната студена октомвриска температура од -0,5 степени, регионот забележа температури кои обично се резервирани за првиот, летен месец.
Како би реагирал Дедо Мраз ако треба да се навикне на топлината? Дали тој би го носел својот зимски капут и топлата капа или ќе ги замени за шорцеви и сончеви наочари? Се прашуваме и како ќе изгледа поларната светлина позната како аурора бореалис?
АБРА-КАДАБРА – зимската бајка добива нова димензија, а магијата, можеби, никогаш повеќе нема да биде иста.