Лампите на Мадам де Помпадур, љубовницата на францускиот крал Луј XV – Пронајдени по 140 години

Лампите на Мадам де Помпадур, љубовницата на францускиот крал Луј XV – Пронајдени по 140 години

Лампите на Мадам де Помпадур – Пронајдени по 140 години! Четирите позлатени ѕидни лампи, осветлувале простории во замокот на Мадам де Помпадур, љубовницата на францускиот крал Луј XV. Овие вредни уметнички парчиња кои носат рококо стил, откриени се во луксузниот хотел Свинтон во Јоркшир, по повеќе од 140 години од последната нивна локација.

Мадам де Помпадур, која била политичка и културна фигура, била позната по својата поддршка на уметничкиот луксуз. Овие лампи, тоа и го потврдуваат. Таа го претворила Париз во европска престолнина на културата и вкусот и ја основала прочуената фабрика за порцелан Севр.

Нејзината љубов кон рококо стилот била очигледна, исполнета со богато декориран мебел и уметнички дела. Замокот, Креси, подарок од кралот и служел како засолниште од притисокот на кралскиот двор.

Во нејзиниот величествен Grand Salon d’Assemblée, долг 16 метри  и украсен со грандиозни парчиња мебел, Мадам де Помпадур го угостувала кралот и водечките интелектуалци и уметници на нејзиното време. За жал, голем дел од оригиналните предмети исчезнале со текот на времето.

Ѕидните лампи на Жак Кафиери – (скулптор) за кои се верува дека виселе во овој салон, го продолжиле својот пат низ европската аристократија, пред да бидат изгубини за време на Француската револуција. Повторно се појавиле во Англја, во домот на Ерлот од Лонсдејл, од каде што биле преместени во замокот Свинтон.

„Тие врескаат за голем покровител на уметноста, а Мадам де Помпадур беше токму тоа“, рече Магалхаес, француски и италијански специјалист за мебел и ова го нотирал: „Гледањето на овие лампи беше момент што те остава без здив.“

Ова уметничко наследство денес продолжува да фасцинира. Тие се де факто репрезент на луксузот и уметничката елеганција  на францускиот двор од 18 – тиот век. Оттука и скапата цена на нивната вредност. Лампите на Мадам де Помпадур, проценети на еден милион фунти, ќе бидат продадени на годишната аукција Treasures на Сотби.