Ѓорѓи Колозов – Цар, мудар селанец и Господ од приказните!
Помина 21 година, но Ѓорѓи Колозов, останува вечен. Цар, мудар селанец и Господ од приказните – симбол што го чува духот на македонската традиција и ја пренесува суштината на фолклорот од генерација на генерација.
Наследството што го остави Колозов зад себе е толку моќно што веројатно времето не може да го избрише. На ова потсетува новиот мурал со неговиот лик кој осамна во кафуле во близина на Соборната црква во Скопје.
Фотографијата од овој топол потег ја сподели неговата ќерќа Катерина Колозова, додавајќи уште едно поглавје во сагата за љубовта на народот кон еден од најголемите актери на македонското културно наследство.
Цар, мудар селанец и Господ од приказните
Колозов не беше само актер. Тој беше симбол. Го носеше духот на македонските села, шармот на царските дворови и хуморот на секојдневниот живот.
Секоја генерација има свои херои, но ретко кој останува бесмртен. Ѓорѓи Колозов не е само лик од минатото. Тој е жив симбол на нашата културна гордост, сеќавањe и сведок за едно убаво време.