Трикови за продолжен век на парите

Трикови за продолжен век на парите! Како да „не летнат предвреме“? Сите ги сакаме, наоѓањето начин како да ги задржиме подолго во нашите  џебови  не е секогаш лесно. Сепак, народните мудрости и трикови може да ни понудат едноставни, но ефикасни решенија за да го продолжиме животниот век на парите во новчаникот. Овие старински совети и денес се проверени и можат да ви помогнат да избегнете парите да „летнат“ предвреме.

Нашите предци верувале дека односот кон парите може да влијае на нивниот тек и присуство. Овде ви претставуваме седум народни трикови кои барем, делуваат како надежни совети.

trikovi za prodolzen vek na parite

Погодни моменти за давање и позајмувањ пари

Се верува дека најдобриот момент за давање е среда во текот на денот додека вторник треба да се избегнува за позајмување пари. Парите треба да се позајмуваат или бараат наутро бидејќи вечерните трансакции се сметаат за носители на несреќа.

Се препорачува почесто да позајмувате отколку да барате – позитивната енергија, велат, секогаш се враќа на неочекуван начин.

Платата треба да преспие дома

Откако ќе ја добиете платат, сите пари треба да останат дома барем една ноќ. Ова верување тврди дека парите парите така „ја врзуваат“ среќата  за вачиот дом и привлекуваат дополнителни приходи. Трошење веднаш по добивањето плата се смета дека може да ја наруши финансиската стабилност.

Не позајмувајте леб и сол на соседи

Лебот и солта симболизираат благосостојба , па нивното позајмување може симболично да ја пренесе финансиската сигурност од вашиот дом кај соседите.

Џебови што привлекуваат пари

Во џебовите од облеката што виси во ормарот треба да чувате ситни пари  како амајлии кои привлекуваат богатство. Важно е џебовите да не бидат скинати, а копчињата на облеката да бидат на место бидејќи редот и сигурноста во облеката симболизираат и финансиска стабилност.

Во најмалата преграда од паричникот чувајте банкнота свиткана во триаголник. Оваа амајлија се смета дека привлекува пари.

Паричникот никогаш не смее да биде празен

трикови за продолжен век на парите

Во паричникот секогаш треба да има барем неколку монети. Дури и симболичниот износ може да привлекува повеќе пари. Сите монети и банкноти треба да бидата свртени со лицето кон вас бидејќи тоа симболизира правилен тек на парите.

Крупна банкнота како магнет за пари

Чувањето крупна банкнота во домот цела година симболично привлекува повеќе пари. Таа банкнота ја „впива“ вашата енергија и станува магнет за финансиски успех.

Народните трикови за парите се дел од традицијата која се пренесува низ генерации. Без разлика дали ги прифаќате сериозно или со доза на скептицизам, овие трик совети  можат да ви донесат нов начин за подобро управување со финансии и внесување сигурност во вашиот живот.