Моден императив за дамите над 50 години
„Облечи се старомодно, без оглед на годините, луѓето ќе го забележат фустанот, облечи се беспрекорно и луѓето ќе ја запаметат жената.“ – Коко Шанел
Зрелите години носат стилско модно однесување. Дамата во овие години ја доловува целокупната слика за сопствената беспрекорност практикувајќи правила на модно однесување:
– кога носите кошула, откопчајте не повеќе од две копчиња;
-одлучете се за здолниште со пократка должина или деколте, двете не одат заедно;
-деколтето на деловната гардероба не смее да биде пониско од 10 сантиметри од клучната коска;
-Ако ја носите кошулата одвнатре, носете и каиш;
-Препорачлкиви се два различни дезени во иста боја или два исти принтови во различна големина;
-Тенки прерамки не се пепорачуваат ниту во свечени пригоди;
-Обетката нека се сложува со нараквицата и огрлицата нека се сложува со прстенот;
Кога купувате облека, ставете го вниманието врз квалитетот на природниот материјал и одберете „бело и црно“ од било кое парче облека.
За летниот период никогаш нема да згрешите со материјали од лен и памук.
И она што е клучно е да се чувствувате удобно во својата „втора кожа“ .