Милерам торта-никогаш нема да ве изневери

милерам торта

„Милерам торта“- никогаш нема да ве изневери

 Ова лесно и „растресито“ тесто со милерам и пудинг од ванила ако еднаш го направите и вкусите,  постојано ќе биде присутно во „вашето мени“.

Времето на печење на тестото трае 45 минути на температура од 180 степени.

Започнете со 250 грама брашно и во него додадете 200 грама шеќер, едно пакетче ванила и едно пакетче прашок за пециво. Измешајте ги овие состојки и додадете 100 грама маргарин. Измесете го тестото, додадете едно јајце и една лажица кисела павлака. Замотајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер додека приготвувате две кеси пудинг од ванила на вообичаен начин за кои е потребно 500 милилитри млеко и 200 грама шеќер. Во врелиот пудинг ставете милерам околу 800 грама и потоа од тестото напаравете два дела. Првиот исукан дел од тестото е на дното на калупот, врз него пудингот исе затвора со  вториот дел од расуканото тесто. Над сето ова, додајте малку шумско овошје по желба и испечете. Кога ќе биде печена тортата, украсете ја со шеќер во прав и уживајте во неповторливиот вкус.

Добар апетит!