Познат по многубројните животни мудрости, Махатма Ганди со неговите зборови и размислувања околу животот, битието и светот, на многумина им помогнал во најтешките моменти или моментите кога на човек „не му оди од рака“.
Една од неговите, дефинитивно, најважни пораки е дека среќата и судбината зависат од нашите мисли, зборови и дела.
Сè започнува со мислите, а завршува со судбината според Ганди!
Ваш избор е дали ќе биде добро или лошо…
Овие зборови на Махатма Ганди секако можат да ве мотивираат да направите позитивна промена во вашиот живот:
Вашето верување станува ваша мисла.
Вашите мисли стануваат ваши зборови.
Вашите зборови стануваат ваши дела.
Вашите постапки стануваат ваши навики.
Вашите навики стануваат ваш карактер.
Вашиот карактер станува ваша судбина.