Кој е Мими зад сцената? Какви се неговите идни планови и идеи? А што се случуваше пред неговата вирална приказна именувана како YUGO? Колку е всушност тешко да бидеш Мими во емисијата YUGO? Нова епизода од најновото ток шоу кое пулсира на you tube каналот Pomelo tv „Брчиме со Дуле!“ Гостин во емисијата на Душан Кузевски – Дуле во оваа втора епизода е Михаил Марковски, човекот кој моментално стои зад најгледаната емисија на you tube просторот. Но, што се случува зад сцената и кој е водителот приватно.
Мими и Дуле опуштено поразговараа околу развојот на животната и кариерна приказна на Марковски. Имено Мими учел во музичкото средно училиште во Битола, а потоа продолжил со студии во Штип. Се изнакажа и интересни дешавки од студентските денови. Меѓу другото, замислете, живеел во куќата на духови, како што знаеле да ја именуваат штипјани. На кариерно поле, Мими пред се е музичар, требало да биди даскал, али…брзо се премислил. Гостинот во „Брчиме со Дуле“ зборува за патот кон успехот, за тоа дека човек секогаш треба да биде спонтан и да го слуша својот внатрешен глас. (или ко шо би рекле овие младите „инр војс“…)
Михаил има свое музичко студио, композитор е на многу музички хитови, а контактот со камерата, дошол да не речиме… од нигде никаде. Според муабетот, други одлучиле дека Мими е топ фаца за пред камера, а тој во небрано започнал емисија. После неа, започнува една приказна од која никако не треба откажување. Кога целиме кон успехот, не смееме да застанеме и туку – така да се пуштиме од орото. Марковски го знаел тоа и постојано создавал креативни проекти. Но, секако најдобрите идеи доаѓаат случајно, а така се роди и приказната YUGO.
Времето е облачно, надвор е студено. Така да шо е до нас, да си кажиме. Клајте си по едно кафе и слушнете го муабетот на Мими и Дуле. Дефинитивно ќе ве расположи!