На Педагошкиот факултет во Битола трибина посветена на грижата за надарените и талентирани студенти

На Педагошкиот факултет во Битола, се одржа вебинарот на тема „Емпатија спрема надарените и талентираните”

УКЛО ЗА ТАЛЕНТИТЕ – ТАЛЕНТИТЕ ЗА УКЛО

На настанот свое учество имаа: Проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, Проф. д-р Станислав Милошевиќ, програмски директор на Истражувачката станица Петница, Белград. Тој зборуваше за инспирацијата и поттикнувањето на талентираните млади умови како Македон Димитровски, млад македонски генијалец.

Ректорот Проф. д-р Игор Неделковски изрази задоволство што присуствува на уште една значајна трибина посветена на грижата за надарените и талентираните студенти… Како и за нивната улога во општеството. Тој истакна дека УКЛО е лидер во оваа област, со институционализирани активности, изработен правилник и формирани групи, каде што професори активно работат на поддршка на талентираните млади.

Настанот привлече голем број присутни. Токму тоа зборува за интересот за поддршка и развој на младите и талентирани студенти. На настанот учествуваа и проф. д-р Јове Димитрија Талевски, проректор за финансии и развој на УКЛО како и проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска, проректор за студентски работи на УКЛО.

Проф. д-р Љупчо Кеверески потсети на важноста од емпатија кон надарените млади... За нивното брзо интегрирање во општеството: „Сите деца заслужуваат емпатија, особено оние на кои им е најпотребна.“

Овој настан е само еден чекор кон создавање на поддржувачка средина за нашите талентирани студенти, со цел да им помогнеме да го достигнат својот целосен потенцијал и да бидат лидери на иднината. – велат од Педагошкиот факултет Битола.

П Р Текст