Штедење-тоа е уметноста да се ослободите од парите пред тие да ве ослободат вас! На 31 октомври 1924 година, група визионери посветени на финансиската стабилност и сигурност, го основаа Светскиот ден на штедењето во Милано, Италија. Овие луѓе открија една важна вистина: парите можат да бидат ваши, но ако не внимавате, тие лесно можат да ве одведат во слепа улица. Имињата како E.H. Dunn, A.W.B. Moller , K.O. Thunes, и многу други, имаа за цел да потсетат на значењето на штедењето како животна филозофија.
Штедење значи секојдневно избегнување на непотребните трошоци и инвестирање во она што навистина не прави посреќни,. Она што ни е потребно е да успееме да се движиме во насока финансиска стабилност и лична слобода.
Денес, во 2024 година, на стогодишнината од овој значаен ден, помислете на штедењето како на уметност. Да. Добро прочитавте. Уметноста на избегнување на искушенијата кои ви го нудат „последниот модел на чевли“ или „ексклузивната колекција на мириси за тело“! Тоа е како да сте Супермен во светот на потрошувачите-со сила да одолеете на сите понуди за попусти!
Светската асоцијација за заштедни банки(WSBI) ни вели: „Не заборавајте да заштедите!“ Но, не е лесно кога рекламите нудат толку многу „неодоливи“ предмети. Но, што ако ја промениме парадигмата? Наместо да трошите, помислете како можете да инвестирате во сопствениот живот.
Парите не се ваши пријатели. Tие се привремени сојузнци на патот кон финансиската независност. Штедете ги за нешто важно-за патување на вашите соништа или можеби за нова машина за кафе што ќе ви помогне да ги поднесете сите тие моменти кога не можете да кажетe „не“ за чоколадите!
Секоја одлука да заштедите е одлука да се ослободите. Ослободете се од стресот, од неисплнетите желби и најважно, од финансиската несигурност. На Светскиот ден на штедењето, потсетете се: парите не можат да купат среќа, ама можат да му купат среќа на вашите услови. Значи, охрабрете се ! Кога ќе видите следниот пат некоја „непобедлива“ понуда, само насмевнете се, разгледајте ја и помислете дека веќе ја имате…па, дури и остарела. Како што велат:„Ако не можеш да заштедиш кога имаш мали приходи, нема да заштедиш ни кога имаш големи.“ Затоа, почнете сега – со малку одлучност и малку мудрост. Ќе изградите нешто што ќе трае дури и во светот каде што сè се менува.