„I did it my way“ веројатно е стих во кој Френк Синатра се правда за развратот и блудот кој го живеел зад сцената. Кој всушност бил Френк Синатра?
Френк Синатра – име што одекнува со харизма, незаборавни песни и стил кој трае со децении. Зад светлата сцена, неговиот живот бил мозаик на турбуленции, сложени врски и проблеми кои останале скриени од јавноста. Привлечен, со небесно сини очи и шарм кој пленел, Синатра зад себе оставил живот исполнет со моменти што откриваат поинаква димензија на неговита приказна.
Неговите родители биле доселеници од Италија. Татко му бил поранешен боксер и пожарникар, а мајка му била домаќинка.
Френк Синатра за малку ќе умрел на денот кога се родил. Докторот имал проблем да го извади огромното бебе тешко 13,5 килограми од неговата „мала“ мајка. Некако, лекарот го оттргнал и му направил лузни на увото, образот и вратот на бебето и му го дупнал тапанчето. Но, бебето не дишело, па неговата баба Роуз, искусна бабица, го грабнала од докторот и го држела под ладна проточна вода додека не го земе првиот здив и не извика. Френсис Алберт Синатра влезе во светот борејќи се за својот живот – и тој победи.
Меѓутоа неговото детство било брутално и не живее во свет на бајките. Синатра бил смртно преплашен од неговата мајка и доживувал семејно насилство.
Френк не завршил средно образование. Поради неговиот бунтовнички дух, бил избркан од училиштето само после 40 тина дена. Интересно е што образложението на директорот било дека тој не е меѓу другото, таентиран за ништо. До 25тата година, бил зависник од дрога и алкохоличар. А што се однесува до неговиот љубовен живот, тој бил Казанова и редовно ги изневерувал сите четири сопруги. Каков бил шармантниот пејач во приватниот живот?
Светски популарната икона, имала опсесивно компулсивно нарушување, а кај папараците се вртеле гласини и дека поради ова, Френк Синатра 20 пати ја менувал доната облека. Тој чсто има нападаи на без и имал физички пресметки и со новинари и фотографи.
Првиот обид да се „смири“ бил на 24 години кога Френк се венчал со Ненси со која имале три деца. Но, уште кога биле во врска тој ја изневерил со друга жена со кој имал уште едно дете. Бројни неверства, учество во оргии и бракот не се поднесувал. Шлаг на тортата било што пејачот почнал афера со Ава Гарднер, а кога ѝ признал на Ненси, таа конечно го оставила.
Синатра продолжил со Ава Гарднер и „љубвта ја овековечиле“ со брак. Но, и од тоа „ништо не се видело“. И двајцата пиеле многу и живееле бурно. Ава два пати забременила, но и два пати абортирала.
Поради кокетноста и заводливста на Гарднер, Синатра полудувал и бил многу љубоморен. Во 1954 година неговата сопруга поднела барање за развод. Следеле уште два бракови, но Синатра прдолжил да ја игра уогата на Казанова.
Меѓу љубовниците со кои ги изневерувал сопругите биле Мерилин Монро и Џуди Гарланд. Последната сопруга, Барбара, останала со него до неговата смрт во 1998 година.
И покрај брилијантниот музички успех, Синатра се соочувал со свои битки.
На млада возраст, го запознал светот на славата, но и проблемите што доаѓале со неа. Неговиот немирен дух, врските со мафијата и бурните љубовни приказни биле дел од неговото патување. Мафијашите кои го поддржале на патот кон успехот, понекогаш претставувале сложен дел од неговиот живот. Се открило и дека тој органзиирал оргија која наводно траела 24 часа, а на која биле присутн сите членови од мафијата во Сицилија (во чие членство со години назад има учество целото негово семејство). Поводот за оваа забава, бил успешен шверц на 2 милиони долари од негова страна.
Талентот и страста му донесоа безвременски успех, но зад сцената тој водел живот со поинакви епизоди.
Смртта во 1998 година му стави крај на физичкото присуство, но Френк Синатра останува вечен во историјата како музичка икона која истовремено живеела живот кој е тешко да се разбере. Зад големите имиња често се кријат скриени борби и искуства, но нивната уметност продолжува да зборува за нив и за нас. Оставаат трајни траги во културната меморија.