На чат со МИМИ СО ЈУГОТО: „Југо планирам да возам се дур можи, а ко ќе не можи, паркирано в двор ќе ми седи“

на чат со мими со југото

РАЗБУДИ СЕ: Југото, југото… Вакво такво, на крај те крена југото во шоубизнисот хехе Да се нашалиме. Има ли југото некоја посебна историја, збрка, минато? Зошто баш југо? Оти пример фичо не беше? Уште појако мене ми се чини ќе беше. Плус онака некој дебел ко ќе ти влезеше, па дури да тргни фиЌото, па ќе се запотеше ова она… хехе. Ок, оти југо Мимс?

MИМИ:

Оти сум многу будала хахах Дедо ми ми остај Фичо во наследство, презачувано, со 20.000 поминати километри и јас на мои 15 години се одлучив да го продам во Кукуречани за по ниви да го дрнкат и со парите да си купам компјутер Пентиум 4ка, за то време многу јак. Ко ќе ми текни ми иди да се самоуништам хаха ама ете нема назад. А Југо, оти најмногу сакам Југо. То ми е првата кола во која седнав да возам, низ чикмак кај мене и уште од првиот момент се заљубив во колата. И знаев дека кога ќе положам за кола дека она шо ќе го возам ќе биди Југо. И ете 13 години откако положив возам Југо и планирам да возам се дур можи, а ко ќе не можи паркирано в двор ќе ми седи.

РАЗБУДИ СЕ: Хаха Не држиш струја… Кај се роди бизнисот? В кафана? Оти нели сите бизнис велат од меана стартоват? За интервјуата за југото прашваме.

MИМИ: Хаха… Да јасно. Не. Не беше в кафана. Идејата ја имав одамна, ја предлагав емисијата по телевизии да се реализира уште кога работев како медиумски работник, ама од сегде беше одбиена како нешто кое не е сериозно и нема тежина. Можеби заради фактот дека Југо не е сериозен автомобил. И така ете сега дојде моментот, кај шо јас пред сѐ собрав храброст да настапам сам со ваков тип на емисија, тотално сам, без никаква поддршка. Се покажа интересна, веќе стекнав публика од цела држава, па и аналитиката на Јутуб покажва дека се гледа и надвор од Македонија. Огромен интерес појави кај јавноста, но и кај гостите, кои се пријатно изненадени од реакциите откако ќе бидат објавени.

РАЗБУДИ СЕ: … Е сега телевизите ќе си пукнат од мака после ова… хаха Инаку, не интересира…Шо се случва зад камерите? Не му брчи моторО, не му смета „климата“ на гостите? Многу јака клима имаш btw!

MИМИ: Па сега ова Југо кое го возам е малку поново хаха, произведено е 2006та и не е толку бучно дур се возиш, а климата е рачна, ако ти е жешко си отвораш џамче хаха А и сајлата од парното ми е скината, така да фучи жешко внатре дур се возиме и за да го исклучам морам да застанам и да ја отворам хаубата па од кај моторот да ја исклучам топлата вода да не оди во парното. итн. Комплицирано а? хаха

РАЗБУДИ СЕ: Не бе, мене топ ми е. хахах…Не сум мерак по некои нови колишта…Појако во олтајмери. Да си ја пуштиш душата. Шо поново толку појќе устручавање. Класика си е калсика. Е сеа гостите лице ти прат гарант, ама то е…хехе

Следни гости? (Мене не ме рачунај ми фуфка пред камери. Вака јас. Само со пишење… До утре ќе куцаме!)

MИМИ: хахах, Aми гледам да сме искрени дур се возиме и снимаме, неќам фејк и местени прашања, и немам концепт. Едноставно влегваш в кола, ја акаш вратата за да се затвори, се бориш со појасот да откриеш кај се клава хаха и прашвам то шо ќе ми текни на памет и нема да можиш да избегаш, оти ај скокни од кола дур возам да те видам хахах. А мислам дека сите гости кои досега биле во Југото искрено го бендисаја, оти иако е Југо, се познава дека во него имам љубов вложено. Можи не пари, ама љубов секако. Следни гости…Изненадување!

РАЗБУДИ СЕ: Ај сега друго да те потпрашаме…

MИМИ: ајде хаха

РАЗБУДИ СЕ: Кој е Мими и кај се гледа во иднина? (Најкласика прашање али па можи оти никогаш те неам прашано. Можи оти знам оти си тип шо сака да менва појќе работи. По мое амбициозен, темперамент, екстроверт…? По твое?)

MИМИ:А бре ептен ме знајш. Реално не трпам неправди, сакам прогрес, мразам банална работа, затоа и менвам работи. Посебно во моменти кога без аргумент или неиздржан аргумент се запира прогресот. Вервам во себе, знам како постапувам и знам шо сакам. Кога не наоѓам заеднички јазик, не инсистирам, туку менвам насока и она шо го имам како енергија и знаење ќе го насочам на друго место. Ете сега се одлучив да го насочам кон мене. Во иднина сакам да се гледам тука во Битола, како успешен во својата област, како креативно дете, иако остарев хаха, иако низ гла ми лета мисла да летнам надвор од државата, ама останувам локал патриот дур не ме мани посилно мислата хаха

РАЗБУДИ СЕ: Ок, во контекстот, мислиш дека треба нешто да смениме во Битола, да попрајме или сѐ ни чини во градО?

MИМИ:ГрадО ни е преубав, јас в крај си го сакам, ама можи да биди уште препреубав хаха. Би сакал да сме малку пореални, да имаме поискрен пристап едни со други, оти ние шо живејме тука го прајме градО. Малку ми е смачено од фејк настани, промовирање на некои луксузи како ВАУ, а дур да стигниш до „луксузот“ возиш по кал и дупки, некако не ми се спојват тие две рабоЌе. Така да, мој предлог да се прилагодиме на реалната ситуација и реално да настапуваме и едни кон други и кон градО.

РАЗБУДИ СЕ: Тешки јас поставувам шо мислиш хахха Оти да е едноставно, ко можи компицирано да е!

MИМИ:Генерално се перципирам како среќен и исполнет чоек. Ми фалат многу работи, ама се трудам да се фокусирам на она шо го имам. Задоволен сум со сѐ шо имам во моментот. Можи ми фали малку поќе шетање во други држави. А ко ќе размислам важноста на пасошот ми е помината, треба да се сликам за нов, така да пасош ми фали хахах

РАЗБУДИ СЕ: Aрно шо те потсетив значи?

MИМИ: хахаха па да.

РАЗБУДИ СЕ: Kај би шетал?

MИМИ: Oд немукает не одам нов да извадам. Сакам низ Европа да прошетам, а најмногу сакам Австралија да одам и да не се вратам хаха, бев еднаш и се заљубив во државата и културата таму. Преубо е.

РАЗБУДИ СЕ: Нема да ти сметат тие облакодериштата таму? Не те гуши голем град?

Мене скрос ми сметаја…(Ова демек да се пофалм оти имам и јас шетнато, ти текнува?)

MИМИ: Знам, ти поќе од мене имаш шетано, јас од Довлеџик не сум мрднат хаха Не ми сметаја, ама само в центар ги има хаха

РАЗБУДИ СЕ: Имам имам јас „мрднато“ ехее… одамна

MИМИ: Инаку по населбите и по плажите преубо е!

РАЗБУДИ СЕ: Абе нема историја шознам…

MИМИ: Мислам дека сепак знајш колку е убо средено сѐ!

РАЗБУДИ СЕ: Сеа ја напрајле, ко синкир студио за филм и утре ќе го растурат ахаххах

MИМИ: Има Македонија историја, ама јас сакам иднина, па ја гледам во Австралија! Хаха Ко ќе напрам многу пари во Австралија ќе инвестирам во Битола и ќе напрам тука облакодери! Летам в крај а? хаха

РАЗБУДИ СЕ: Јас сакам една жичара од долу до Копанки угоре!

MИМИ: Ами историјата ја пишат победниците, така да панта реи!

(Mimi replied to you Original message: Јас сакам една жичара од долу до Копанки угоре!) И еднаш ќе се качиш, ќе ти се смачи и толку ќе биди пајажина ќе фаќа! Хаха Jас сакам асфалт кај мене в улица хаха

(РАЗБУДИ СЕ: replied to Mimi Original message: …И еднаш ќе се качиш, ќе ти се смачи и толку ќе биди пајажина ќе фаќа!):Шо велиш… па зато не ја прат… оти многу брзо ги густираме работите, не за друго… Не бее… кој асфалт! Пофаца е вака… автентично хахаха

MИМИ: Историски хаха

РАЗБУДИ СЕ:ааааааааххаххахахахах

MИМИ: Уште коњ ми фали и да јавам низ чикмак!

РАЗБУДИ СЕ: Југо имаш, требен ти е коњ!

MИМИ: Да, 65 коња има југото хаха и јас будала хаха

РАЗБУДИ СЕ: Па јака е идејата… Замисли Мими со коњот интервју да прај, не со југото ахахах На коњ сите качени.

MИМИ: хахахах Ќе врши нужда по улици коњО уште то фали! Сејте мирни сега!

РАЗБУДИ СЕ: Се замуабетивме, чекај да те прашам уште нешто…

MИМИ: Ајде…

РАЗБУДИ СЕ:Која ти е најголемата глупост шо ја имаш напраено во животО.? Имаш некој порок? И зошто да? ахаххах Се шалам.

MИМИ: хахах Имам. Испушив 3 пакети цигари во еден ден, поголема глупост од то мислам дека нема. Одвратно се чуствувам ко ќе ми текни, не знам шо ме најде, си работев в студио и чадалници напрајв. Не го прајте ова, лош пример е хаха

РАЗБУДИ СЕ: Остај.. Се разбираме…хахах Ок, ајде ласт квјешчн… Кој ќе беше Мими ако не овој? Кога би успеал да се измислиш наново, кој би бил?

MИМИ: Мислам дека истиот. Не сум нарцис, ама задоволен сум со се шо сум постигнал досега, а дека наново сакам да го врвам истото, не би хаха. Едвај чекам да видам шо ме следва во животот. Убај сме какви шо сме, треба да се прифатиме самите себеси, а после да делуваме, јас мислам дека го стигнав тој стадиум и сега делувам со она шо го имам искусено во живото. Боо паметен колку сум а? ахаха ексици

РАЗБУДИ СЕ: Скрос…Зато те поканивме. Мимс фала ти најмногу. Супер си помуабетивме…Початовавме шо велА младите или не знам како велат поќе… Не можиме да ги допратиме. 😀 Ти посакуваме уште мноoгу успеси, развој, афтентични проекти.

MИМИ: Хаха… Убо е кога константно има нови работи, па и да не можи да ги допратиме супер е хаха Фала и вас за вниманието шо ми го дадовте и ви посакувам сите убајни на светот да ви се десат и да не ве куртули арното.

               …………….               ………………                ………………

Авторот ќе пишеше и заклучок, ама „закочи“ кај прашањето со пороците, тутуните и… Ок. Авторот се одјавува. П.С. Не го прајте ова по дома, арно рече Мими.

И извинете за битолскиО, али то е поентата…