Силен земјотрес во Турција!

На 46 километри од Малатија се наоѓа Епицентарот на силниот земјотрес што ја потресе Турција. За потсетување тоа беше токму местото ,кое лани беше разурната во катастрофалните земјотреси.

Земјотресот беше со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала соопшти ЕМСЦ. Епицентарот е регистриран на 46 километри источно од Малатија на длабочина од 9 километри.

На социјалните мрежи се појавија снимки од моментот на ударот утрово.