Шведска воведува ригорозни мерки кога се во прашање екраните. Имено, на децата до 2 години, име строго забрането да гледаат во било какви екрани. Во телевизори, компјутери, таблети, мобилни телефони…
Ова е резултат на предупредувањата и насоките од страна на шведската државна Агенција за јавно здравје. Според нив децата на возраст од 2 до 5 години, ќе бидат ограничени со максимален гледање во екранот до еден час на ден. Понатаму, децата на возраст од 6 до 12 години, во Шведска ќе смеат да „стојат“ пред екрани до два часа во денот… А пак на тинејџерите од 13 до 18 години, им е дозволено два до три часа на ден.
Министерот за здравство во оваа земја, смета дека ова е алармантна ситуација. Според него на децата им недостасува сон, што е особено важно за нивниот развој. А тоа најповеќе се должи на фактот што тие после училишните часови, поминуваат 6 и пол часови пред екраните.
Исто така се алармира на тоа децата да не гледаат во телефоните пред спиење. А во нивните соби да немаат никаков уред, телефон, таблет, компјутер или слично. Освен зрачењето кое го предизвикуваат екраните и последиците како нередовен сон, според истражувањата, се вели дека седењето пред екрани може да доведе до депресија и незадоволство од сопственото тело.
Меѓу другото, пред извесно време, шведската влада извести дека има намера да ги забрани мобилните телефони во училиште.