Спој на елегантност и страст – Женски парфеми за 2023

парфеми 2023

Новите женски парфеми за оваа година веќе се претставени. Се претпоставува дека овие мириси ќе ги освојат жените од целиот свет,а ние избравме три од нив.

Zadig & Voltaire

parfem

Парфем кој разголува, спој на високи ноти од цвет на портокал, ѓумбир и арома на сандалово дрво и бензион како еликсир.

Kilian

Парфем кој не може да престане да те сака со мирис на доминантна ванила донесена од Мадагаскар, средни ноти од најслаткиот провансалски мед и мирисот на мов од даб.

Dior: Blooming Bouquet

парфем miss dior

Нежен и свеж мирис кој оддава почит на неверојатната страст на Кристијан Диор кон цвеќињата. Тоалетната вода се карактеризира со ноти на роза, божур, бергамот и бел мошус, а мирисот е лесен, опуштачки и елегантен.