Зоолошката градинда во северна Нигерија доживеа голема трагедија. Имено дури на 80 отсто од животните во неа, им згаснал животот после големи поплави.
После обилните дождови, браната се прелеала и илјадници луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Поплавата уништи и други објекти во главниот град на државата Борно, Мајдугури… Како болницата и поштата, соопшти нигерискиот претседател Бола Тинубу. Истовремено претседателот ги повика граѓаните на евакуација од најтешко загрозените места. „Поради овие поплави до блиските населби стигнаа опасни животни како крокодили и змии“, се наведува во соопштението на зоолошката градина Санда Кјарими Парк во врска со поплавите во нигериската сојузна држава Борно, со апел до жителите да бидат внимателни. – пренесува makfax
„Во оваа куќа живееме 20-тина од нас. Овде сум со членовите на моето пошироко семејство. Немаме ништо – се преселивме во училиштето пред повеќе од три недели. Немаме кревет, мрежа против комарци, храна или пари. Јас сум земјоделец и рибар, но во моментов немаме што да правиме, а децата се болни, а немаме средства да ги однесеме во болница“, изјави еден од жителите, пренесе „Гардијан“ за овие поплави.
Претседателот Тинубу изрази искрено сочувство до владата и народот на државата Борно, особено до семејствата кои ги загубија своите средства за егзистенција поради катастрофата предизвикана од излевањето на браната Алау. Тинабу нагласи и дека хуманитарните потреби ќе се решат што е можно поскоро.