Ризикот е секогаш подобар од каење! Вреди ли да ризикуваш?

Можеби тоа беше мое мото уште откако знам за себе си, но знаеш пријателе како сето тоа оди. Ризикот е секогаш подобар од каење! Вреди ли да ризикуваш?

Еден ден се будиш пред огледало и ја гледаш првата брчка. Ризикував ли доволно, си велиш?l И после првото бело влакно за кое упорно се лажиш оти е среќа, се фаќаш себе си како одложуваш да ризикуваш за утре. После тоа утре доаѓа задутре и ете ти ја седата коса за која трчаш по стилисти и фризери.. За која се надеваш дека можеби нема да се знае.

Можеби нема да се познава. И не е тоа страв од стареењето. Не е тоа реален процес кој велат треба да се прифати. Тоа е страв од сопствените одлуки.

Се фаќаш во замка едно утро кога веќе те боли цело тело од тие луди ноќи и констатации оти ти треба тој ризик и оти сега ако не, кога… Но, тешко ти е. Тешко ти е да ризикуваш.

Ризикот

И на крај, доаѓа каење. Куп прашања кои немаат одговор. Што направив? Дали сум на правилното место? Што можеше да биде ако… И само ако… Ако.. Ако… Што ќе беше ако не беше ова?

Вреди ли да се ризикува и дали понекогаш вечноста е само еден момент? Fight for a fairytale, it does еxist. Is it? А сакаш… Сакаш да постои иако се лажеш дека не е така. И, да! Изгледа време е да ја видиш в очи. Оти ризикот е секогаш подобар од каење!

. . .