Ако лежи на улица, не значи оти е пијан или дрогиран! – Сите на „бело“, а ние на „црно“

улица црна хроника

Ако лежи на улица, не значи оти е пијан или дрогиран!

Црната хроника одамна е докажано дека е најчитана по весниците, а и во живо уште котира на врвот. И дури негде светот полека се преселва на Марс и хотели се ,,билдат” и на небо и под земја, кај нас останват најбитни муабетите од типот: Кој умре, шо умре, кој се исколи, на која улица се деси собраќајка, се предозирал, се истепал со комшијата, пари од лихвари зел и го заклале, болен бил, цела фамилија психопати биле и се испоубиле, сната и свекрвата очи си извајле и толку многу небитни работи со кои се труе мозочето.

Едвај ко да се чека некој да припадни

Едвај ко да се чека (не дај Боже) некој да припадни од горештините в чаршија, на улица, на Широк Сокак, па да се викни брза помош, да има малку галама и раскажвање после то за ,,несреќниО” случај и колку биле сите испотресени. А сите изгорени за сеир. Или по ново, тешко на тој шо паднал на улица од шо му се слошило. Одма е со етикета како неарен, пијаница, се издрогирал се сакатил од апој пиење…Така му требало! Хуманост? А шо беше то?

оговарање на улица

И дури во „Америките“ се секират за подморницата Титан, кај нас уште се собираме пред згради ко ќе се слушни како две коли се мават јако. МоментО ко ќе се деси некоја собраќајка на улица. Сите слегват долу пред куќи и пред згради. Комшите по влечки ја објаснуват дешавката и изгорени се да бидат тие првите очевидци шо виделе. ,,Едниот идеше засилен Ногу одозгора, а овој од десно ко му влезе, партали колата, јок!”

И туку ќе ги видиш некои голи со бањарки, со футите, со папучите… Манџата нека гори, нека прегори дома, битно муабетО да се истепа:,,Леле мори Лиде шо ќе беше онај тресок, варев јајца, ко слушнав свеста ми се зеде!” Болно е, ама вистинито:,,Има жртви?” Ко со некоја извесна блесава ненаситна љубопитност се прашва. Полицијата и брзата помош во овие моменти се ,,најажурни” и онака кул си водат записник, си цртат, си „паковат“. Онака под мустак сe смешкат демек главни се во ова шоу. Kо небаре ,Ци ес ај, ЕФ би ај иди, влегват клизачи со сирени, комбиња, со светлечки ефекти, лисици, пиштоли, шмајзери…

Битен е сеирот и трачот, а очигледно не е важно за шо! И пак да си повториме. Глејте вода со вас носете по жешкото, оти ако припадните овде по улици нема кој да викни ,,најн уан уан”!