Младите генерации – Што ги мачи?

младите генерации

Младите генерации – Што ги мачи? Секоја година, Deloite Global спроведува анкета меѓу младите генерации Z и Millennials за да ги открие нивните чувства за работата и светот околу нив. Истражувањето покажува дека на менталната благосостохба најмногу влијае, работата. Ах, таа работа -толку потребна, но истовремено извор на стрес и анксиозност за многумина.

Овде ќе одговориме и ќе ги разгледаме клучните наоди од истражувањето. Останете на оваа фреквенција. Ќе следат препораки за подобрување на менталното здравје на младите генерации на работното место.

Влијание на работата на менталното здравје

Околу 40% од Gen Z и 30% од Millennials, чувствуваат стрес речиси константно или поголемиот дел од времето.

Стресот е највисок меѓу недоволно застапените групи(ЛГБТ + и лицата со попреченост).

младите генерации

Финансиската несигурност е главен причинител на стрес.

36% од  Gen Z и 33% од Millennials чувствуваат дека нивната работа придонесува за стресот.

Повеќе од една третина од Gen Z чувствуваат дека не можат да покренат прашања поради страв од негативни последици.

Околу 30% се чувствуваат изолирани или дека нивната работа нема цел.

Поддршка за менталното здравје

Иако две третини од испитаниците имаат пристап до поддршка, само половина ја користат.

Потребна е подобра комуникација и охрабрување за користење на достапните ресурси

Советувањето и апликациите за ментално здравје се меѓу најмалку достапните ресурси.

Само 46% од Gen Z и 48% од Millennials кои се под стрес ги користат програмите за помош на цработени.

Само половина од Gen Z и Millennials чувствуваат дека нивните работодавци преземаат чекори за да го спречат исцрпувањето.

Потребни се посериозни мерки од страна на компаниите за да се подобри благосостојбата на вработените.

Заклучок:

Менталната благосостојба е комплексно прашање, но со правилни мерки и поддршка, можат да се направат значајни промени. Работодавците имаат примарна улога во создавањето на здраво и поддржувачко работно опкружување.