Интервју со Brass Brothers: „За да ја „разбудиме“ Битола, треба да инвестираме во културни настани, со посилна поддршка на локалните уметници“

Brass Brothers

Фантастичен ритам, секогаш експлузивна енергија… Тие знаат одново и одново да родат ново живо срце кое недостасува на музичката сцена. Динамично пулсираат во едно и имаат чудесна трансформативна моќ. Нивната музика е плод на убавото, на креативното, на страста. „Ако го немаш фитиљот , не си за на оваа сцена“. Знаеше да ми рече еден пријател, актер. Па кога сме кај фитиљот и уметноста, би ја поврзале репликата со едните и единствени „Brass brothers“. За нивната автентична приказна и тој „фитиљ“ зборуваме со фронтменот на музичката група Горан Мицевски Кус.

Од она што на почеток би ви го откриле е дека интервјуто го направивме на фб чат. „Нена не сме застанале со свирки… Дај ми некој ден!“ – забележа Горан. Нивниот животен ритам, нивната жива енергија, амбиција и ангажман без застој…Нивниот стил и борбеност, се чувствуваат во секоја секунда, а ние бескрајно им благодариме што остануваат наша инспирација и ни ја овозможија честа да се најдат на нашите страници. Живо ме интересираше што се крие зад нивната сцена, а еве како се креира магијата од зад завесата на Brass Brothers.

Brass Brothers

Brass Brothers