Бети Буп – Која жена стои зад нејзиниот лик?

Бети Буп

Бети Буп – Која е тајната на вечната икона? Бети Буп како цртан лик, стана икона на поп културата. Таа  е симбол на безвременски шарм.

Тајната на Бети Буп лежи во нејзината способност да биде вечно млада, свежа и модерна, без оглед на времето. Бети Буп ја претставува женската независност и самоувереност. Нејзиниот лик е инспирација за многу генерации. Покрај тоа, визуелната естетика и заводливост што ги поседува, ја прават препознатлива.

Исто така, не смееме да заборавиме дека нејзината популарност е резултат на креативниот гениј на нејзиниите создавачи.  Успеале да создадат длабочина и карактер во ликот на хероината и да ја направат многу повеќе од цртан лик.

Во светот кој постoјано се менува, овој шарм останува непроменет и секогаш подготвен да го освои вниманието на новите генерации со нејзиниот „буп-ап-дуп“ дух.

Но, приказната за жените кои го инспирирале создавањето на овој сензуален и контроверзен лик останува голема мистерија. Ликот се појави во студиото „Флешер“, дебитирајќи на 9 август 1930 година. Брзо стана популарен во краткометражните филмови на „Paramount Pictures“.

Макс Флешер, нејзиниот креатор, јасно истакнал дека инспирацијата дошла од неколку американски забавувачки од кои највпечатлива била пејачката Хелен Кејн. Аниматорот Грим Натвик, инспириран од песната „Буп-Буп-А-Дуп“ на Хелен Кејн, го создаде ликот кој совршено одговараше на тие зборови. Наскоро, зборовите станаа заштитен знак на целиот серијал.

По долги судски спорови кои се претворија во медиумски спектакл, исходот беше јасен победник. Хелен Кејн тврдеше дека таа е инспирацијата за Бети, но Paramount Pictures никогаш не платиле надомест. Провокативната хероина, Бети Буп, продолжи да го изведува својот легендарен „буп-а-дуп“ во секој цртан филм. Денес, Естер Џонс е заборавена, славата на Хелен Кејн избледе, но Бети Буп останува жива на екраните, секогаш повторувајќи го своето познато „буп-а-дуп.“

извор