Шакшука – слатка симфонија од вкусови, свежи домати и јајца, потекнува од срцето на Тунис. Шакшука е гастрономска прегратка од Блискиот Исток.
Ова јадење со необично име – шакшука, го пленило светот со едноставност и богатство на вкусови. Пржени јајца потонуваат во топол, ароматичен сос од домати и пиперки. Комбинацијата од топли зачини како ким и мелена пиперка додава нежен шмек на секој залак со шакшука,
Иако е популарна во Израел, шакшука го носи духот на Северна Африка и Блискиот Исток. Името – шакшука потекнува од арапскиот збор за „измешано сè“. Тоа е гастрономски мозаик од вкусови кој е одличен за појадок, но и совршен за брз ручек или лесна вечера.
Ако бевме доволно интригантни да го задржиме вашето внимание, продолжете со подготовка на состојките.
Состојки:
3 лажици маслиново масло
1 голем кромид ситно сечкан
2 зелени пиперки исечкани
2 чешниња лук, ситно исечкани
1 лажичка мелен коријандер
1 лажичка мелена пиперка
½ лажичка мелен ким
прстофат лута пиперка
6 големи домати исечкани или (конзерва доматно пире)
125 мл. сок од домати
6 јајца
сечкан сцеж магдонос и нане за украс
сол и црн пипер по вкус
Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло во поголемо тенџере или тава на средна температура. Додадете го кромидот и пиперките и пржете додека не омекнат.
Додадете ги исечканите домати и сокот од домати. Покријте го тенџерето и динстајте околу 15 минути. Повремено мешајте го со дрвена лажица.
Отстранете го капакот и продолжете со варење додека сосот не се згусне.
Со лажица или вилушка направете шест вдлабнатини во сосот и нежно сипете го јацето едно по едно во нив.
Намалете ја температурата, покријте го садот и варете додека белките не се стврднат, а жолчките останат меки.
Откријте го садот, посипете со свеж магдонос и нане и послужете топло со тост леб,
Уживајте во ова ароматично патување и дозволете да се разгалите со магијата на Блискиот Исток во секој залак. Добар апетит!