Непријатни мисли? Време е за промена!

Непријатни мисли? Време е за промена!

Колку пати сте се враќале од работа со непријатни мисли и сте се обвиниле што не сте реагирале поинаку? Колку често сте ги минувале деновите размислувајќи што значат нечии зборови или гестови? Ако овие ситуации ви звучат познато, можеби страдате од „претерано размислување“.

Претераното размислување се појавува кога мислите и анализирате и од „амфас и од профил“. Ова би значело дека размислувате премногу, до тој степен што тоа влијае на вашата психолошка состојба. Размислувањето е потребно, но кога го замаглува дејствувањето, станува проблем.

непријатни мисли

Соочувањето со сериозни проблеми бара внимателно размислување, но ако секоја акција изгледа застрашувачка, останувате во маѓепсаниот круг на размислување. Прекумерната грижа, вознемиреност и страв можат да го саботираат решавањето на проблемите , наместо да помогнат. Претераното и критичко размислување генерира проблеми без излез. 

Знаци дека премногу размислувате

Доживувате непријатни моменти повторно и повторно.

Имате проблеми со спиењето поради немирни мисли.

Често мислите „Што ако…“ со негативни сценарија.

Анализирате скриени значења на зборови или постапки.

По конфликти, постојано го ревидирате разговорот и се обвинувате.

Замислувате идни ситуации и нивните можни исходи, кои ретко се остваруваат според вашето сценарио.

Постојано се сеќавате на вашите грешки.

Се грижите за работи врз кои немате контрола.

Станете свесни за вашето размислување: препознајте кога премногу размислувате и како тоа ги развива вашите чувства.

Интервенции во размислувањето: наместо да се фокусирате на негативното, размислете што позитивно може да се случи.

Фокус на решенија: ако сте замислиле негативен исход, размислете како ќе се справите со него.

Променете ја перспективата: гледајте ги грешките како можности за учење.

Прифатете ја вашата човечност: никој не е совршен, а ни машините не се безгрешни.

Повикајте пријател ако е потребно.

Некогаш е потребна поддршка и од стручно лице.

непријатни мисли

Живејте „сега и овде“: прифатете дека не можете се да предвидите и реагирајте во моментот.

Претераното размислување може да доведе до депресија и анксиозни нарушувања. Свеста и желбата за промени се првите чекори кон подобрување. Прифатете се себеси и работете на излегување од магичниот круг на оптоварувачки мисли. Никој не е совршен. Не барајте такво нешто ни кај себе, ни кај другите.

извор