Малдивите и еден патопис за душата

Малдивите и еден патопис за душата!

Во ова прекрасно и сублимирано патување ќе ве поведеме низ рајот на Земјата- Малдивите. Овој текст го пронајде нашиот портал со потпис на Матеја Новак и сакаме да ги споделиме убавините на оваа неверојатна дестинација со вас.

Малдивите

Патување во Рајот

Бел песок, кристално чисто море, палми и сонце. Дали ви треба нешто повеќе? Малдивите се место каде што времето запира, а сите грижи исчезнуваат во небото. Оваа мала островска држава во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка е составена од 26 атоли (острови – прстени) и повеќе од 1 000 корални острови. Со најниска надморска височина во светот, Малдивите се под сериозна закана од климатските промени. Главната закана е зголемувањето на нивото на морето кое може да доведе до губење на територијата и можност за живот на овие острови. Затоа, Малдивите активно учествуваат во меѓународните напори за справување со климатските промени. Активно бараат глобални решенија за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Време и клима

Малдивите имаат две сезони: суво и дождливо. Сувата сезона е од ноември до април и нуди сончево и суво време со температура од 25 до 32  Целзиусови степени. Но, дури и во дождливата сезона, сонцето блеска  и може да се ужива во убавините на овој рај.

Малдивите

Магично добредојде на Островот

Топли и насмеани луѓе од уво до уво. Ве освежуваат со кокосово млеко како добредојде. За релаксација нудат активности како нуркање, тенис, уживање на белиот песок и оригинални масажи.

Плажа и природа

Плажите на Малдивите се совршени со фин бел песок и топло, кристално сино море. Ноќните темератури се исти како и дневните, а островот е обиколен со палми и цвеќиња. За нив, неуморно се грижат вработените. Единствената претпазливост е да се внимава на кокосите кои паѓаат од палмите.

Малдивите

Неверојатен свет на подводниот живот

Подводниот свет на Малдивите е посебен. Мали ајкули пливаат во плиткото и големи лилјаци летаат во самрак. Природата на Малдивите е жива и динамична  и нуди исклучителни доживувања за сите сетила.

Малдивите се рај на Земјата. Треба да се посети барем еднаш во животот. Ова патување, повеќе од сигурно е дека регенерира и носи спомени за цел живот.

извор