„Никогаш доста“, „Збогум најмила“, „Една љубов имам“, „Цветај расцветај“, „Ден по ден“… Само дел од хитовите кои ја одбележаа 30-годишната кариера на Ѓоко Танески. Токму овој голем јубилеј е повод за неговиот солистички концерт насловен „Најдоброто од Ѓоко Танески“. Закажан на 20 јули во Античкиот театар во родниот Охрид на пејачот.
Го нарекуваат човек глас… Пејач со глас како од Бога даден за опејување на можеби најубавите балади… Глас кој ги топли душите и ги милува срцата затоа на сцената на Антички очекувајте незаборавна вечер полна со добра музика, многу емоции и срце на тацна, онака како што тоа го прави Ѓоко.
Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот. А на сцената Ѓоко освен што ќе биде придружуван од Камерниот оркестар од Битола. Ќе бидат присутни и неговите специјални гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.
Влезниците веќе се пуштени во продажба, и тоа преку мрежата на Мктикетс. Како и во продажните салони на „Литература“ низ земјата и „Кај Аждер“.
Организаторот Фреш унион, најавува вистински музички спектакл, кој ќе се снима со најсовремена техника со оглед на тоа дека подоцна ќе биде изработен и телевизиски проект.
Оваа година е јубилејна година за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисла само ако се одбележуваат и тоа заедно со драги луѓе. Затоа, на 20 јули , каде и да сте, во Охрид да сте!
И не заборавајте – Никогаш доста од него … Не, никогаш не е доволно… како што и самиот пее во можеби една од неговите најубави балади, 20 јули во Античкиот театар во Охрид ќе биде вечер на емоции која не смее да се пропушти.
ПР текст