Musee du Fromage е првиот музеј посветен на сирење. Изгледа ова е совршена дестинација за секој кој сака да дознае повеќе за француското сирење. Во срцето на Париз, Ile Saint-Louis, се откриваат тајните на производството на сирење.
Уникатно искуство за љубителите на сирење
Посетителите на Musee du Fromage можат се потопат во светот на производството на ова солено гурмнаско, а и елегантно задоволство. Музејот вклучува изложбена галерија и млекарница каде на лице место пред посетителите се произведуваат сирења. Едукативната тура води низ историјата и културата на сирењето, а завршува со дегустација.
Инспирација за новата генерација производители
Музејот има важна мисија да ги заинтересира младите за оваа традиционална професија. Индустријата за производство на сирење се соочува со недостиг на млади професионалци. Оваа атракција има цел да поттикне нов интерес за оваа професија.
Визијата и страста на Пјер Брисон
Овој амбициозен проект е дело на компанијата „Paroles de Fromagers“ која повеќе од десет години пренесувала знаење и искуство во производствотото. Итересно е што основачот Пјер Брисон, експерт за производство, потрошил петнаесет години за да го развие овој проект и да ја сподели страстта со што повеќе луѓе.