Кафтан е модно парче кое денес им припаѓа на жените, но идејата всушност доаѓа од мажите или од нивната традиционална облека во источните земји, Азија и делови од северна Африка.
Порано, најчесто бил направен од комбинација на свила и памук.
Кафтанот е препознатлив по нагласените шари, а како дел од секојдневната облека, ова модно парче се,, наметна” од страна на хипи модата и етно креациите. Но, набрзо овој модел стана стилско урбано парче кое го најде својот простор во модниот свет.
Познат уште под името мароканска прекривка, кафтанот е во улога на заштитник од жешкото сонце во лето кога сте на плажа, но модните дизајнери ја потенцираат идејата за сместување на овој крој како во уличната мода, така и во вечерниот изглед.