НУ НТБ во паника. Па зошто? Нема простор на полиците… Тој веќе е натрупан со признанија, дипломи, награди, а еве ти уште една награда!
Имено Битолскиот Театар блесна откако црвената завеса во Нови Сад се подигна и уште еднаш докажа дека Битола пулсира во првите редови на уметноста.
Во соопштение за ,,razbudi se”, НТБ извести:
Жирито на 51. ИНФАНТ фестивал беше во состав Јована Балашевиќ- актерка, Јелена Радовиќ – сценограф и Милован Филиповиќ – актер. Жирито едногласно одлучи да ја додели наградата – за НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА на НУ Народен театар Битола за претставата ,,Хамлет – денот на убиствата“ од Колтес, во режија на Марјан Неќак .
Едноставноста и прецизноста на режисерската постапка… Синхронизирана и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативна и смислено намалена и конкретна… Сето тоа го прави битолскиот Хамлет, комплетна и вредна претстава, во духот и традиција на овој фестивал.