На туристите им е забрането да користат Google Maps! Во малиот италијански, приморски град, Бауна, има забрана за Google Maps. Баунej, мал, но шармантен приморски град во Италија, реши да ги стави туристите пред овој проблем.
Забраната и причината зад неа – Властите на Баунеј поставија табла со строга забрана на Google Maps. Причината за забрана на Google Maps? Во последните две години , дури 144 туристи повикале помош поради тоа што се изгубиле во оваа област. Патиштата тука не се добро означени на апликацијата. Тоа доведува до конфузија и непријатни ситуации.
Градоначалникот на Баунеј, Салвадор Коријас, изјави:
„Луѓето возат според насоките на Google Maps кои се погрешни за нашите патишта.“
Оваа изјава открива колку сериозен е проблемот ако се користи Google Maps. Многу туристи, наместо да уживаат во своето патување, завршуваат изгубени и без можност да го запалат својот автомобил на оддалечени патишта.
Последици од лошата навигација
Проблемите настануваат кога туристите се одлучиле да не ја испочитуваат забраната на Google Maps. Се одлучиле да ја истражуваат околината со помош на технологијата. Последиците ги трпат и градската управа и самите туристи кои понекогаш се соочуваат со голема материјална штета.
Google Maps и други италијански градови
Баунеј не е единствениот град каде Google Maps предизвикува проблеми. Во Венеција, апликацијата понекогаш ги наведува патниците по каналите, иако сообраќајот на автомобили е целосно забранет. Овие грешки можат да доведат до смешни, но и опасни ситуации.
Неволји во рајот
Додека технологијата е наменета да ни го олесни животот, понекогаш може да не изневери. Баунеј е пример за тоа како модерната технологија не може секогаш да се носи со уникатните препреки на одредени места. Така, ако се најдете во овој град, запомнете: оставете го Google Maps настрана и дозволете вашите инстикти да ве водат. Ни случајно не помислувајте на Google Maps.