Салата со краставици! Интернетот полудува за овој вкус на салата со краставици. Ќе ви требаат само пет минути.
Многумина сакаат краставици кој во овој период од годината освежува и донесува здрав вкус. Овој вкус ќе ве воодушеви. И ќе ве засити во комбинација со интегрален леб или тост.
Пред да преминеме на рецептот, дознајте нешто повеќе за краставицата: овој зеленчук содржи микронутриенти во помал процент( витамин Ц, железо, бета каротен, витамин Б9, натриум) и над 96% вода.
За да се искористи нејзината хранливост, најдобро е да се јаде нелупена. Лупењето ја намалува содржината на растителни влакна како и на одредени витамини и минерали кои се присутни во неа. Важно е таа да биде убаво измиена доколку се употребува со лушпа.
Сега да преминеме на рецептот кој стана хит на интернет.
Потребни состојки:
краставица
павлака
оцет
лук во прав
свеж копар
црвен лук
сол
бибер
Едноставна подготовка
Во сад за мешање комбинирајте павлака, оцет, свеж копар и лук во прав.
Додадете ја исечената краставица и ситно исечениот црвен лук.
Посолете и побиберете по вкус.
Оваa освежителна порција, одлично се сложува со секој оброк на скара или како намаз на тостирана кришка леб. Целиот процес на подготовка може да да го видите на видеото ТУКА. Имено на TikTok ова е веќе,,вирална гурманска содржина”, па следена е од повеќе од два милиони луѓе… Активно е популарна и на другите социјални мрежи.